„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.
Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица, во сабота на 02.Март 2019 година:
Моштица: 06:00 часот
Саса: 06:00 часот
Македонска Каменица:
Нови гробишта/Капела 08:30 часот
Стари гробишта/Св. Илија 09:30 часот
Грчки гробишта 08:30
Од свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Македонска Каменица
