
Нов инцидент на Радански Пат. Нападната и ограбена е 56-годишна штипјанка. По улицата поминувала околу 20.30 минути, кога непознато лице и го одзело паричникот.
Случајот веднаш е пријавен во полиција , а против сторителот се трага.
Вербални навреди, омаловажувања и закани пријавил полициски службеник во Берово. На него сила му покажувал 28-годишник кој бил собрен за рутинска сообраќајна контрола.
Случајот се документира, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
