Во рамки на подготвителниот период пред почетоко на пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на Каменица САСА вчера, одигра контролен натпревар со Тиверија во Струмица.

Натпреварот заврши со 3:1 во корист на струмичанки, стрелец на единствениот гол за Каменица САСА го постигна Мила Талевска.
Женскиот фудбал во Македонска Каменица бележи значителен развој, особено по формирањето на ЖФК Каменица САСА. Клуб кој, иако формиран пред само две сезони успешно се натпреварува во Првата македонска лига. Есенскиот дел го заврши на 5. место со освоени 24 бодови и позитивна гол разлика.
