Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на
Швајцарската агенција за развој и соработка, предвидено е воспоставување на заштитени
подрачја (ЗП) во сливот на река Брегалница. Во процесот на одбирање на приоритетни подрачја
за заштита, во соработка со клучните страни и со одлука на Источниот плански регион (ИПР), беа
селектирани Осоговските Планини и Ченгино Кале како најпогодни подрачја за отпочнување
процес за прогласување.
Како дел од процесот на спроведување на кампања за воспоставување на заштитено
подрачје на Осогово, на 23 февруари 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во фоајето
на НУЦК „Бели мугри“ во Кочани (Ул. “Кеј на револуција” бб.) ќе се одржи Форум за рурален
развој, чија цел е запознавање на локалното население со процесот за прогласување на
Осогово како заштитено подрачје, како и придобивките и обврските што ги носи
заштитеното подрачје во однос на земјоделството и шумарството во заштитено подрачје.
Сите заинтересирани: земјоделци, собирачи на споредни шумски производи, сопственици
на земјоделски и шумски површини и пасишта, претставници на невладини организации и
јавни институции со интерес за земјоделство, шумарство и рурален туризам, од сите
населени места од општините: Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип и Чешиново
Облешево, Ве покануваме да земете учество на овој настан.
Со цел овој форум да биде достапен за што повеќе заинтересирани, организиран е и
транспорт за учесниците надвор од Кочани:
Автобусот од Општина Македонска Каменица поаѓа во 8:00 часот
Автобусот од Општина Пробиштип поаѓа во 8:00 часот, од центарот на Злетово
поминува во 8:30, а пред Општина Чешиново Облешево од 9:10 часот.

