Македонска Каменица, 19.02.2019 година – Во текот на изминатите два дена вработените на Ј.П. Камена Река активно работеа на отпушување на една од главните канализациони шахти во Македонска Каменица. Запушената шахта е дел од канализацијата во колективните станбени згради во централното градско подрачје.

ЈП Камена Река ги замолува несовесните граѓани на општина Македонска Каменица да престанат со фрлање на тврди предмети, отпад, “влошки” и “влажни марамчиња”, со што би се избегнале проблеми со канализационата мрежа во иднина!
Напоменуваат дека канализациониот систем во секоја градска средина е многу важен дел од секојдневниот живот на граѓаните и претставува показател за урбаниот развој на градот и Општината.

