ФК Каменица САСА на својот официјален веб налог објави информација за најновото засилување во своите редови. Станува збор за Денис Малинов, кој доаѓа од ФК Скопје од Скопје.
,,Денис Миленов и официјално е нов член на ФК Каменица Саса. Доаѓа од редовите на ФК Скопје, играч кој игра на позицијата напаѓач. Денис Миленов има и прволигашко искуство и тоа во екипата на Силекс од Кратово. Да му посакаме добредојде на нашиот нов фудбалер и да му посакаме многу голови во првата негова полусезона за ФК Каменица Саса”. – се вели во соопштението на ФК Каменица САСА


