
Екипата на Саса од Македонска Каменица донесе ново име во своите редови пред продолжението на настапите во Втората лига – Исток и потпиша договор со Влатко Коцев.
Коцев доаѓа како слободен фудбалер, откако претходно раскина со штипска Брегалница. 32-годишниот играч за врска ќе игра во Саса во наредните шест месеци.
Во редовите на Саса, Коцев се очекува да донесе искуство, а претходно покрај за Брегалница во кариерата тој настапуваше уште и за Скопје, Кожуф и Силекс.
Екипата на Саса се наоѓа на последното место во ВМФЛ – Исток и ја чека тешка битка за опстанок до крајот на сезоната.
