Уште еден физички напад се случил на улицата Радански Пат во Штип. Со железо, од зад грб по главата бил удрен и онесвестен 60-годишен граѓанин.
„Се работи за брат ми. Се наведнал да товари порта и во тој момент некој со шипка го удрил по главата и го бутнал на земјата. денес му кажаа на комшијата му влегле дома му урале кондури“, кажа жител на ул. Радански Пат.
Ова последно сведочење само дополнително ја комплицира и така загрижувачката безбедносна состојба на неколку улици во Штип меѓу кои се вбројува и далеку познатата улица Радански Пат.
Иако полицијата во последно време, освен редовните, на сите овие места презема и дополнителни мерки, за инциденти таму повторно се зборува. Вчера, таму беше поставена класична друмска заседа од која едвај со својот автомобил возејќи во рикверц се спаси млад штипјанец, а претходно имаше и други помали проблеми.
Што од полицијата велат за нивниот дел од работата кои претстои:
„…На 24.01. околу 13.30 часот, Д.П. 35 години од Штип пријавил дека , додека се свижел со пмв „сеат ибица“ на ул Косовска, непознато лице почнало да удира по возилото со раце на предното ветробанско стакло и го оштетил. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, откриен е сторителот Б.Н. 26-годишен од Штип. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок…“
Во меѓувреме, се додека целосната доверба не се врати, многумина движење и возење низ овие улици избегнуваат. На пример, голем број таксисти преку ден не возат низ улицата Радански Пат и до Мирјанина Црква. Навечер и ноќе, ни случајно. Оттаму речиси сите имаат по некое лошо искуство.
