
Разбојничка заседа била организирана денес на улицата „Радански Пат“ во Штип. Десеттина Роми на возраст од 18 до 30 години како препрека поставиле големо дрво на патот, а тие чекале во заседа. Откако првиот возач што наишол застанал да го отстрани дрвото, Ромите излегле и почнале да се однесуваат агресивно.
„Ми бараа пари, некој од нив зборуваше за дрога а други во мегувреме ми удираа по колата. Се обидуваа да ми ја скршат шофершајбната и оштетат хаубата. Трчејки влегов во колатат и најбргу што можам возев во рикверц. Веднаш зад мене возеше друг автомобил но што се случило со него незнам“- вознемирено за ТВ Стар денес зборуваше 35 годишиот нападнат штипјанец кој настанот го пријавил во полицијата.
ТВ Стар денес беше на местото на инцидентот кој според нашиот соговорник се случил околу 13 часот.
Ова е местото каде што според нашиот соговорник, познат на редакцијата на ТВ Стар, се случил инцидентот за кој овдешните жители тврдат незнаат дека се случил.
„Не не нито не сме виделе. немало такви нешто“, рекоа анкетирани
Освен што не знаат, нашите соговорници тврдат и дека не знаат дали полицијата воопшто денес била таму, како што нашиот соговорник тврди .
Но, освен жителите, за инцидентот до 16 часот не била информирана ниту полицијата. Каков ке биде исходоот останува да се види, но на „Радански Пат“, но и некои други улици крвта како повторно да зоврива.
Освен сведочењето на жители од улицата „Панче Карагозов“, сличен инцидент пред неколку дена имал и таксист. Истата или друга група на Роми по претходно поставена заседа се обидела да го ограби и него.
