Државата и Општината Македонска Каменица бараат кров за Стоиле Стоилов од Цера кој пред два дена беше пронајден презмрзнат и итно хоспитализиран во Штипската болница.
Стоиле овде ќе остане уште извесен период, но по подобрување на состојбата, тој повторно се соочува со неизвесноста каде ќе ја помине зимата и како ќе ги преживее ниските температури:
„Времето додека Стоиле е во болница ќе го искористиме да му обезбедиме сместување“, истакна Благојче Стојменовски, дир. на Центар за социјални работи – Делчево.
Сепак, работите одат тешко, зашто слободни места во домовите за бездомници, речиси и да нема:
„Контактиравме со сите домови , односно преноеќевалишта за бездомни лица во Струмица, Битола и Струга и таму нема место. Во Скопје нема лекар, а Стоиле е болен, па не може да бид епримен ни овде. Сега сме во контакт со домовите за сместување на стари лица и ќе се обидеме да го сместиме во некој од нив“, истакна Стојменовски.
63 годишниот Стоиле Столиов премрзнат и немоќен го пронашол непознат во дворот од шупата каде што Стоилов живеел сам без храна и огрев:
„Пред да ме донесат тука, бев легнат пред една шупа, оти вратата не се отвораше на шупата. Од таму ме земаа, па дома ме однесоа. После, тука у болница ме донесе еден човек, не го познавам, но мислам дека е еден од моите соседи “, кажа изјава Стоиле Столиов.
Во моментот Стоиле е на Интерното одделение и неговата здравствена состојба е стабилна, но тој во болница ќе остане уште неколку денови.
Центарот за социјални грижи и општина Македонска Каменица,обезбедија храна, еднократна парична помош и облека за него, но приоритет е на овој човек да му се најде место за сместување.
