Македонска Каменица, 18.12.2018 година – Општина Македонска Каменица започна со јавни расправи и средби со групи граѓани за утврдување на нивните приоритетни барања со цел креирање на реален Буџет на општината, кој ќе биде реализиран во 2019 година.
Во просториите на Дом на култура на 15. Декември 2018 година, во присуство на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, претседателот на Совет на општина Македонска Каменица, Иван Кузмановски, директорот и претставници на Јавното претпријатие „Камена Река“ и претставници на Месните заедници во општина Македонска Каменица, се одржа јавна дебата за утврдување на приоритетите на граѓаните и креирање на Буџетот на општината за 2019 година.
На почетокот на јавната дебата, градоначалничката Стаменкова ја презентираше предвидената развојана програма на општината за 2019 година. Потоа, истата беше разгледувана заедно со претставниците на месните заедници, кои во продолжение ги презентираа приоритетните проекти на граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на живот во општина Македонска Каменица.
На средбата, договоривме и разгледавме редица приоритетни проекти и барања на граѓаните од повеќето месни заедници, кои во рамки на програмските определби, развојните програми и Буџет на општина Македонска Каменица за 2019 година, ќе бидат предивидени и етапно реализирани – истакна градоначалничката Стаменкова.
Додавајќи дека, во наредните денови овие јавни расправи ќе продолжат, се со цел да се слушне мислењето на секој граѓанин на општина Македонска Каменица.
