Пехчево, 30.11.2018 година – 69-годишната Фериде Ридарова е најверојатно жртва на пожар во кој до темел изгоре нејзината куќа во пехчевското село Црник. Речиси 12 часа по пожарот, нејзиното тело се уште не е извадено од под урнатините кои останале по големиот пожар во кој до темел изгоре куќата.
Трагедијата се случила неколку минути по полноќ, кога од засега непознати причини, избувнал пожарот:
„Интеврениравме, пожарот беше делумно локализиран, но во куќата имало жена. Кучата е целосно урната и телото не е пронајдено. Сега се расчистува соба по соба“, кажа Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ – Берово.
Засега се уште нема индиции околу тоа која е причината за пожарот кој до темел ја изгоре куќата. Претпоставките одат во насока на тоа дека во прашање е или оган од печката за греење или електрична инсталација. Сепак, точната причина ќе се знае дури по завршувањето на увидот.
Во гаснење на пожарот, ТППЕ Берово интервенирала со 4-ца пожарникари и две возила.

