Македонска Каменица, 30.11.2018 година – Во текот на денешниот ден, на патниот правец Каменица – Кочани, се случи нов камен одрон од поголеми размери. Станува збор за одрон на „стара“ критична и обезбедена точка од делницата. Иако поставената заштитна камена ограда успеала да го запре поголемиот дел од одронот, сепак дел од него завршил и на коловозот. Истата, поради тежината на камениот одрон е оштетена.
Местото е означено, но се препорачува внимателно возење, со прилагодена брзина на возачите на моторни возила, особено во вечерните часови кога видливоста и прегледноста на теренот е намалена.
Екипите на Македонија Пат се веќе на терен и се очекува настанатата штета и состојба на патниот правец Каменица – Кочани да биде санирана уште денес, во текот на вечерните часови



