Македонска Каменица, 27.11.2018 година – Во Македонска Каменица започна поставувањето на нови и со замена на оштетените сообраќајни знаци во централното градско подрачје.
За набавените 76 нови сообраќајни знаци и 76 столбови општина Македонска Каменица ќе издвои 115.292,00 денари. Со поставувањето на сообраќајните знаци на најфрекфентните раскрсници во градот, дополнително ќе биде зголемена безбедноста, како на пешаците така и на сите учесници во градскиот сообраќај.



