
Библиотекарското здружение на Македонија, традиционално по 19-ти пат, ќе го организира Републичкиот натпревар „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ”.
Спред правилата за организирање на натпреварот, учество можат да земат ученици и членови на локалните и училишните библиотеки на возраст до 14 години. Победниците на општинските натпревари учествуваат на Републичкиот натпревар.
Библиотеките, општинските натпревари треба да ги спроведат до 20.10.2018 година.
Во договор со училиштата од М.Каменица и Делчево,ќе се одреди точниот датум на одржување на натпреварот.
Трошоците околу натпреварот се на товар на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.
