Од Калтун Мад ДОО СКопје известуваат дека по извршените истражувања од нивна страна како концесионер на концесија „Саса“ извршена е редовна рекултивација на теренот според проектот за детални геолошки истраги.

Известувањето доаѓа како претходна реакција на група граѓани и членови на планинарски друштва за делумно уништени планинарски патеки и вегетација.
Лазар Ѓогиев, вработен во Калтун Мад како дипломиран инжинер – геолог, додава дека на терен остануваат до март наредната година и продолжуваат со истражувањата. Рекултивацијата на теренот е дел од нивните обврски и истата ќе биде навремено завршена во рамки на можностите и договорите кои фирмата ги има склучено со нарачателите на истрагите на тој дел од теренот.
