Денес, во 14:45 часот на самиот влез во Македонска Каменица, се случи сообраќајна несреќа во која целосно изгоре кабинскиот дел на камион, марка Волво со бугарски регистарски таблици. Камионот превезувал 265 единици празни единици, секоја под притисок и со носивост од 90 литри метан.

Брзата и присебна реакција наТППЕ од Македонска Каменица спречи катастрофа од поголеми размери, успевајќи во последен момент да спречат ширење на огнот кон товарниот дел од камионот.
Екипите на ТППЕ сеуште се на терен, од полицијата го истражуваат случајот, за утврдување на последиците и причините за настанувањето на несреќата.


