Во периодот што доаѓа Facebook планира да воведе една нова опција преку која сите корисници ќе можат да ги избришат своите пораки што ги пратиле преку апликацијата Messenger, а истите ќе бидат отстранети и кај лицето за кои биле наменети овие пораки.
Откако пред неколку дена излезе информацијата дека друштвената мрежа има избришано дел од пораките кои Марк Закерберг и уште неколку директори ги имаат испраќано кон одредени корисници, TechCrunch пренесува дека од компанијата најавиле дека истата опција ќе ја овозможат и за сите останати корисници.
Од компанијата најавуваат дека на сите корисници е им биде дозволено да ги избришат веќе испратените пораки, но не само кај себе, туку и од таму каде што ги ипсратиле. Моментално, пораки може да се бришат но само од една страна.
