
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму додаваат дека попладне ќе има зголемување на облачноста, со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 9, а мксималната од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Македонска Каменица, сончево, а попладне со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата во нашиот град ќе се движи во интервалот од 7 до 24 степени.
