
Нема повеќе општи приоритетни упати. министерството за здравство ќе го менува начинот на нивно издавање:
- Општите приоритетни упати заминуваат во историјата, најавија од ресорот здравство. Приоритетните упати создаваа голем хаос и заради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира, а таа се однесува на тоа дека повеќе нема да има општ приоритетен упат, туку ќе има приоритетен упат со точни дијагнози по области. Точно ќе се знае за каква дијагноза станува збор во соодветна област што навистина е итна, ќе се добие тој упат и тој пациент ќе мора да биде прегледан во рок од 24 часа таму каде што е упатен, изјави Венко Филипче , министер за здравстево.
Извор: Телевизија Стар
