
Настинките и вирузите ги наполнија амбулантите во Делчево. Но, од сите овие случаи и инфекции на горните или долните респираторни патишта , само 4 случаи се со дијагноза на грип. За разлика од лани кога во месецот јануари се евидентирани вкупно 37 случаи, 4-те грипозни, сепак, даваат поволна епидемилошка слика во Делчево
– Оваа бројка за разлика од претходната значи дека бројот е намален. Секоја настинка или сомневање за горна или долна респираторна инфекција, матичните лекари треба да ги доставуваат до ПЕ на Хигиено-епидемилошката служба, изјави д-р Надица Ефтимовска, епидемиолог.

Релативно високите температури во текот на денот и минусните во текот на ноќта даваат подлога за заголемување на бројот на заболени лица со вирози и настинки, но и со грип.
– Бидејќи беше успешно завршена вакцинацијата не очекуваме поголем број на заболени, но сепак тоа зависи од која популацја се болните, дали се хронични болни или здрави лица. Хроничните болни ги советувам секоја година редовно да се вакцинираат, а здравата популација да бидат физички активни, да земаат витамини и напитоци и често да ги проветруваат просториите, кажа д-р Ефтимовска.

Во овој период карактеристични се и сипаниците, најчеста е варичелата или позната како овчи сипаници. Во текот на овој месец има 6 случаи со варичела, а лани овој месец имало 13.
– Децата во детските градинки најмногу добиваат варичела и во Делчево и во М. Каменица, затоа јас апелирам до градинките редовно да не контактираат и да вршат редовна дезинфекција како една од превентивните мерки, објасни д-р Ефтимовска.
Инаку, во Делчево и М. Каменица година годинава се потрошија 500 вакцини против грип. Бидејќи интересот кај пациентоте беше поголем од оваа бројка од Службата за епидемиологија информираат дека бројот на вакцини за 2018 ќе биде зголемен согласно со потребите на пациентите.

Извор: Телевизија Стар
