16. Јануари 2018 каменица.мк
Преку социјалната мрежа Твитер штипјанка веќе неколку дена интензивно си ја бара сестрата близничка. Наведува дека таа е родена на 12 август 1990 година како една од двете близнички. За жал, како што тогаш персоналот на штипската болница на мајката и соопштил дека едно од нејзините две девојчиња починало за време на породувањето.
Но, животната дилемата во семејството на младата штипјанка ја открива една случајна средба со непозната жена која е фрапирана од нејзината и сличноста на друга девојка која е видена и која веројатно живее во Струмица.

За ненадејната средба штипјанката зборувала со родителите по што сега и почнува потрагата по социјалните мрежи.
На што конкретно се сомневаат од ова семејство засега одговор нема зашто семејството кое е во потрага за себе не оставило ниту елементарни податоци.
Колку и ова да е уверливо, убедени сме дека сомнежот за судбината на нивното дете кај засегнатото семејство ќе остане засекогаш. Како и да е, забележете ли некоја исклучителна сличност со девојката која си ја бара сестрата преку Фејсбук и Твитер, споделете.


