Извршителите повеќе ништо не им можат на оние кои живеат од социјална помош. Блокирање на нивните сметки –ќе нема. Ова е предвидено со меморандум на кој денес заеднички се обврзаа Комората на извршители и Министерството за труд и социјална политика:
- Во изминатите години не само што имавме блокирање, туку и за одблокирање на сметките граѓаните имаа обврска да плаќаат. Сега тоа го надминуваме и граѓаните се ослободени од трошоци, но ќе се надминат проблемите со кои што се соочуваат и извршителите, а и МТСП се ослободува од товарот со одредени пари кои од буџетот беа наменети за граѓаните, да бидат потрошени за банкарски или други административни трошоци, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.
Едновремено, извршителите ќе добијат можност, уште пред да ги изгорват извршните решенија, да знаат дали некој е примател на социјална помош или не:
- Со овој меморандум ние веднаш ќе можеме да утврдиме, дека ако утврдила државата дека тоа лице е социјален случај, треба да се отстрани од системот на извршување до промена на неговиот статус. Кога ќе се промени статусот, до вработување или до стекнување на некој имот, тогаш ќе може да се реализира извршувањето во тој дел“, изјави претседателот на Комората на извршители, кажа Зоран Димов, претседателот на Комората на извршители)
Досега овие луѓе чекаа и по неколку дена да заврши писмената коресподенција меѓу извршителот и Центарот за социјални работи, а дури потоа да им бидат деблокирани сметките и да имаат пристап до парите за социјална заштита.
Оваа новина ја забрзува постапката и штити од непотребни трошоци, но не подразбира отпис на долговите, туку нивна наплата штом ќе имаат паричен прилив од друго место.

