
Годинава, новогодишни пакетчиња добија и најмалите категории на фудбалери при ФК Каменица САСА. Над 40 дечиња- фудбалери, од генрациите 2005/2011 присуствуваа на предновогодишната забава организирана за нив во Cliff of Moher Pub, каде низ меѓусебна игра и смеа им беа поделени и новогодишните пакетчиња. Настанот беше организиран и воден од страна на нивниот долгогодишен тренер и спортски работник Стојче Милошевски, а истиот беше помогнат од ЈТД “Јаков”, Cliff of Moher Pub и каменица.мк.

Дечињата после вчерашното предновогодишно дружење заминаа на зимски распуст, а на терените се враќаат после 10 Јануари. Ние, каменица.мк како и сите љубители на спортот во градот им посакуваме нови победи во фудбалот и многу успех, радост и среќа понатаму во животот.

