
27.XII.2017 kamenica.mk
Доколку сте преживеале инфаркт или мозочен удар, Владата му препорачува на Вашиот работодавач од утре да ве ослободи од работа се додека загадувањето е високо. Препораката важи за сите граѓани од оваа категорија вез разлика на која возраст се.
Покрај нив, утре на работа не би требало да одат и болните од хронична астма но и бремените жени и луѓето постари од 60 години.
Министерството за животна средина и просторно планирање алармира дека 2 дена загадувањето на неколку точки во Скопје континуирано е повисоко од 200 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички што е доволно да се вклучи алармот и да почнат да важат овие препораки.
Сепак, ова се само препораки но не и обврски за работодавачите па тие не се должни да ве ослободат од работа. Познавајќи ги условите во Македонија, за очекување е само мал број работници да добијат слободни денови.
