Љубителите на адреналинот се собраа во Сао Паоло за да го соборат светскиот рекорд во заедничко скокање со банџи-јаже. Дури 245 луѓе одеднаш скокнаа за да го постават новиот рекорд.
На овој настан беше срушен претходниот рекорд, во кој 149 луѓе одеднаш скокнаа со банџи-јажиња. Организаторот на настанот, Алан Фереира, вели дека пред скокот лично го проверил јажето на секој од учесниците.

За потребите на рекордот им биле потребни јажиња во вкупна должина од околу 20 километри.

