
Буџетот на општина Македонска Каменица оваа година е со реална проекција (262 387 000 ден.) за разлика од минатите години, кога буџетот беше нереално зголемен (346 000 000 ден), а имаше слаба реализација на прибирање на средства за истиот.
- Не смееме да си дозволиме како лани кога беше проектиран буџетот на 346 милиони, а да имаме слаба реализација. Според насоките од Минис. За транспорт треба да имаме фонд за проекти и таму се предвидени повеќе пари, кажа во дел од изјавата Соња Стаменкова, градоначалик на Македонска Каменица.
Основниот буџет на Општина М КАменица изнесува 179.922.000 денари, 5.965.000 денари се средства планирани на сметката за самофинансирачки активности, 68.500.000 денари се средства одобрени за блок дотација, а планираните средства од донации се во износ од 8.000.000 денари.
Приходите од концесија се на годишно ниво од 100 милиони денари, изјави Данче Ангеловска, Одд за финансии.
Инаку, даночни приходи за 2018 година се планирани во износ од 10.180..957 денари, приходи од ДДВ за 2018 се во износ од 13.309.043 денари. За наредната година, М. Каменица ги зголемени се средствата за исплата на надоместокот за новороденчиња од 6000 денари на 10.000 денари а за првото новороденче во 2018 година планирани се средства во износ од 20.000 денари.
