„За сите што ни се во срцата, а не се со нас… И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува! Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме“ – напиша Каролина на нејзината официјална фејсбук страна по повод објавувањето на првиот сингл од новиот албум кој ќе излезе наскоро.
