Континуираните и обилни врнежи го зголемија нивото на реката Вардар, која веќе се одлеа на неколку места во централното градско подрачје.
Поради тоа, екипи на скопското јавно претпријатие Водовод и канализација веќе се на терен, за да постават вештачки брани со вреќи од песок на критичните точки.
Инаку, Вардар веќе се прелеа кај Владата на Македонија, во близина на ПИОМ и во Аеродром, поради што свикана е итна седница на кризниот штаб на Скопје.
– На терен веќе се праќаат екипи за да постават заштитни вреќи на овие локации. Поради новонастанатата ситуација свикана е итна седница на Кризниот штаб на Скопје каде ќе се донесат одлуки за понатамошно делување – вели Весковски.

