
Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи по тешката сообраќајна несреќа на магистралниот пат Делчево – М.Каменица, несреќа која во неповрат ги однесе животите на Дејан, Емилија и малиот Даријан. Од своите сограѓани делчевчани ќе се простат во 16 : 00 часот, за кога е закажан погребот на градските гробишта во Делчево.
