
Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на одредени места температурата ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе достигне до 36-от степен.
Според најновата прогноза на УХМР, промената на времето се очекува во недела кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот од следната недела.
Фото: Драган Костовски

