
Само 8 часа после влетувањето на комбе на познатото шеталиште Ла Рамбла во Барселона каде загинаа 13 луѓе а над 100 се повредени Полицијата соопшти дека во познатотот туристичко место Камбрилс се убиени 5 терористи кои носле експлозивни појаси на себе. Тие со автомобил влетале во толпа луѓе и повредиле 7 лица меѓу кои и еден полицаец…

Што се однесува до нападот во Барселона пак Министерството за надворешни работи од македонската амбасадата во Шпанија има информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона.

Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата, информира МНР.
Лицето се наоѓа вон животна опасност и е под третман од страна на шпанските медицински служби.

МНР воедно соопшти дека претставник од македонската амбасада во текот на ноќта ја посетил болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин.

