На 12-ти август, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица ќе се оддржи традиционалната манифестација „Ден на дијаспората“. Манифестацијата е можност за целодневно дружење на нашите иселеници во странство, кои овој период од годината се враќаат во родните краеви. Покрај дружењето, на „ден на дијаспората“ има и официјален дел на кој иселениците и претставниците на локалната власт разменуваат идеи, во насока на побрз економски развој на општината.
На годинашниов „Ден на дијаспора“ ќе настапи македонската музичка ѕвезда Ефто Пупиновски и локалниот бенд „Модерато“. Организатори се општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“, кои ги покануваат сите граѓани на заедничко еднодневно уживање во природата на „Еленец“, дружење и разменување на идеи и искуства.
