Мотел ресторан „Парк Панорама“ на 4-ти август ќе го прослави првиот роденден. По тој повод ќе биде организирана целодневна роденденска забава, а ќе настапи и македонската музичка ѕвезда Ален Хасановиќ.
Инаку „Парк Панорама“ се наоѓа веднаш до регионалниот пат Македонска Каменица-Делчево и во изминатата година постави високи стандарди во работењето. Покрај прекрасниот амбиент и добрата храна, мотел-ресторанот располага и со соби за ноќевање, а од неодамна располагаат и со нов панорамски автобус со кој им се овозможуваат прошетки на посетителите.

