
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. Весник на РМ број 21/98 и 18/07) и Програмата на неработни денови за 2017 година која ја изработи Министерството за труд и социјална политика следната среда (2-ри август) – Денот на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

За граѓаните од православна вероисповед следи и продолжен викенд во истиот месец, односно викендот кој започнува по 25-ти август (петок), дома ќе седат работниците во следните три дена заклучно со 28-ми август (понеделник) кој е неработен ден – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од муслиманска вероисповед следува продолжен викенд следната недела поради прославата на Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам којшто се паѓа на 1-ви септември во петок.
Извор: Vrabotuvanje.com
