
Македонска Каменица 15. Јули 2017г.
www.kamenica.mk
ФК Каменица САСА од Македонска Каменица со засилен состав го започнува подготвителниот период пред почетокот на новата сезона од Втората македонска фудбалска лига. На мета на новиот второлигаш од Каменица се најдоа неколку играчи од регионот. Дел од играчите кои пробниот период го поминуваат во Каменица предничат со младоста и желабата за докажување, додека останатите се искусни и докажани повеќегодишни играчи во домашните и странски првенства.
Најпрвин мораме да споменеме дека Горан Гоцевски е старо-новиот тренер на екипата на ФК Каменица САСА. Тренер со кој САСА во минатата сезона ја започна својота успешна приказна, патот кон влез во Втората фудбалска лига. Со доверената улога и сезонава ни дава за право да се надеваме дека таа приказна и во иднина ќе продолжи да не радува.

На списокот засилувања во ФК Каменица САСА се најде и името на надежниот голман Мики Георгиевски од Македонска Каменица. По неколкуте негови успешни сезони во штипска Брегалница младиот, талентиран и перспективен 17-годишен голман од Македонска Каменица годинава е повратник во својот тим.
Други имиња кои го дополнуваат списокот на бројните засилување во тимот на САСА се: Виктор Марковски и Александар Георгиевски кои доаѓаат од Брегалница Делчево. Георгиевски го поминува пробниот и тренажен процес со екипата на Каменица САСА, по што ќе се знае и неговиот конечен статус во тимот. Како дел од искуснитеи звучни имиња кои годинава ќе бидат дел од каменичкиот тим се Иван Митров од Виница и Ефтим Аксентиев од Кочани. Митров е поранешен играч на Брегалница од Штип, Eginiakos, Шкендија и Работнички, додека Ефтим Аксентиев својата успешна кариера преку Силекс, Работнички и Гостивар ја градеше и на интернационално ниво во соседна Албанија. Беше долгогодишен играч на Skenderbeu и Pogradeci.

Преодниот период сеуште е во тек и од стручниот штаб на каменичка САСА не ја исклучуваат можноста за уште неколку промени и засилувања во тимот.
Годинава летвицата за успешно завршена сезона на ФК Каменица САСА е пласман во горниот дел од табелата на Втората фудбалска лига, успешни настапи на тимот, како на домашен така и на гостински терен.
Се надеваме дека САСА и годинава ќе биде тврд орев за противниците и дека убавата страна на фудбалската игра повторно ќе биде на менито од градскиот стадион во Каменица.
*www.kamenica.mk како главен медиумски бран на урбаните и убави случувања во градот, и во следната сезона редовно ќе ве известува за настапите и победите на нашиот градски миленик, екипата на ФК Каменица САСА.
