
Во тешка сообраќајна несреќа се повредени четворица полицајци откако возилото Лендровер сопственост на МВР, а управувано од полициски службеник излеталот од патот кај Радовиш по што се превртило.
Како што пренесува порталот Sky, сите четворица патници во автомобилот се повредени и пренесени во болница.
Несреќата се случила во 15 часот и 10 минути завчера, а за настанот се известени и од внатрешната контрола на МВР.
Се уште е непознато како всушност дошло до превртување на Лендроверот.
