
Шест лица загинаа во три одделни сообраќајни несреќи што синоќа се случија во источниот регион, во Кочани, Делчево и Виница.
Три од жртвите се млади кочанци на возраст меѓу 25 и 28 години кои починаа на лице место во близина на с. Чифлик, при директен судир со туристички автобус кој превезувал летувалци во Грција. Глетката на местото на несреќата била страотна, а делови од телата буквално биле нааекаде по асфалтот, тврдат очевидци. Од останатите двајца сопатници во автомобилот, еден во тешка состојба е префрлен во Скопје,а еден поминал без повреди.
Маж навозраст од 70 години и жена од Делчево се жртви на верижен судир на влезот од градот во кој учествувале 4 возила. Според првичните информации хаосот го оредизвикало возило кое со голема брзина се приклучило од спореден пат:
- Имаме две жртви од кои мажот почина на лице место, а жената на пат кон Клиничката болница – Штип. Двајца пациенти се потешко повредени и се задржани на лекување во Штип, еден е полесно, а еден е без повреди и на него му е звршено алкотестирање, истакна м-р д-р Гоце Стоименовски, началник. на Итна медицинска помош – Делчево.
Млад виничанец, чија точна старост не се соопштува е жртвата во сообраќајната несреќа кај Виница. Тој, во 02.00 часот по полноќ, со возило излетал од патот на местото викано Виничка Крстосница и завршил во водите на Брегалница.
Полицијата се уште ги истажува причините за страшните сообраќајни несреќи во регионот кој во смрт однесоа шест човечки животи. Според првичните информации, најголемо влијание во трагедијата има човечкиот фактор.
Волку црна и трагична ноќ, Истокот немал, а настаните , на најлошиот можен начин силно опоменуваат за неопходноста од огромна внимателност и одговорност во сообраќајот.
