13 луѓе, шверцери на дрога се осудени на смрт во Кина на јавен судски процес кој се водел пред 10.000 луѓе. Некои од нив се егзекутирани без никакво задржување. Процесот е спроведен во градот Шинвеи во јужната кинеска провинција Гуандонг на 24 јуни годинава.

Извор: СтарТВ – Штип
Осуммина од осудените на смрт се егзекутирани веднаш, но не пред насобраната толпа луѓе. Вкупно биле фатени 18 лица, но петмина се помилувани додека за 13 казната била смрт. Осумината итно биле качени во комби и однесени на извршување на смртната казна.
Video Player

