Технолошко-индустрискатата развојна зони во Делчево,ќе се трансформира во индустриска зона и ќе биде под надлежност на општината. Ова меѓу другото е дел од Законот за индустриски зони-зелени зони и тема на денешниот консултативен состанок на градоначалникот Иван Гоцевски со директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски кој се одржа денеска во Скопје.
На состанокот беа образложени законските прописи, текот на трансформацијата и чекорите кои треба да ги преземе општината за трансформацијата на зоната.
Градоначалникот Гоцевски истакна дека ова е решение што отвора нова перпектива на зоната кој скоро 15 години е нефункционална.
-Општината ќе има поголема контрола врз земјиштето и развојот на зоната и наместо да чекаме големи странски фабрики, зоната може да се нуди на домашни компании, мали и средни бизниси, магацини, лесна индустрија и сл. Сметам дека на овој начин може побрзо да се активира просторот, а од друга страна општината би добивала приходи од комуналии, закупнини и сл. Зоната во Делчево има одлична локација со површина од 20, 83 хектари и овде има 8 градежни парцели за капацитети од лесна незагадувачка индустрија кои заслужуваат нов почеток, нагласи Гоцевски.
Инаку, освен во Делчево, со Законот се опфатени и технолошко-индустриските зони во Виница, Берово, Ранковци и Радовиш.

