Младите волонтери во ОО Црвен Крст Делчево со најквалитетни проекти во Македонија за 2026 година
Делечево – Младите волонтери од Црвен Крст ја завршија ПХВ програмата за 2026 година со рекордни резултати. На национално ниво беа реализирани 195 мали проекти – најмногу во последните 10 години. Од нив 154 се оценети со највисоката фаза 5, а 57 проекти добија оценка „сонце“ за долгорочен придонес во заедницата.
Најголем успех годинава постигна ООЦК Делчево. Младите од Делчево реализираа 6 проекти и сите беа оценети со „сонце“. Со тоа го освоија првото место и го понесоа пехарот за ПХВ 2026.
*„Горди сме на нашите млади волонтери. Со 6 успешно реализирани проекти оценети со сонце, ООЦК Делчево го освои првото место и уште еднаш покажа дека младите се двигатели на позитивните промени во заедницата“*, изјави Ивана Атанасовска од ООЦК Делчево.
Второто место го освои Тетово со 5 проекти „сонце“, а трето место делат Демир Хисар и Свети Николе со по 4 проекти.
Од Црвен Крст честитки упатија до сите општински организации, ментори и млади волонтери. Најавија дека ангажманот продолжува преку Клубовите на млади, со цел уште посилно Национално друштво.

