Делчево денеска свечено ги одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Програмата започна со пригоден реферат за Народноослободителната војна и победата над фашизмот, а по тоа следеше и реферат за Денот на Европа. Завршницата на манифестацијата беше положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци, кои ги има во значителен број од делчевскиот крај.

Овие датуми се од големо значење за Европа и светот, бидејќи ја симболизираат победата над фашизмот и почетокот на европската интеграција. Во 1950 година, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање организирана Европа, како начин за одржување на мирот на континентот.


