Со благослов и личен пример, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, заедно со дел од братството и верниот народ, уште еднаш ја потврдија својата посветеност кон заедницата преку чинот на доброволно дарување крв. Крводарителската акција се одвиваше во организација на Црвениот крст во Делчево на 7 мај 2026 година.
„Овој гест не е само медицинска помош, туку и жива порака за пожртвуваност и љубов кон ближниот; во денови кога секоја капка крв може да значи спасена надеж, црквата продолжува да биде активен чинител во градењето култура на солидарност и сочувство; дарувањето крв е највисок израз на човечност“ – се вели во известувањето од епархијата.

