Младинскиот работник и автор на Стратегијата за млади на Општина Кочани 2019 – 2023, Стојан Рашков, денеска поднел кандидатура за в.д. директор на ОУ „Никола Карев“ до градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. Во писмото за кандидатура стои:
„Почитуван Градоначалник,
Како европски признат младински работник кој за себе има реализирано огромен број на европски проекти поднесувам кандидатура за В.Д Директор на ОУ „Никола Карев“. Тоа е училиштето на кое сум особено горд бидејќи таму го стекнав моето основно образование и жалам што моите класни раководители не го дочекаа овој момент да го видат развојот, образованието и успехот на својот поранешен ученик. Секој учител својата образовна мисија ја завршува успешно кога ученикот ќе го надмине со својот успех.
Како дел од EVS програмата од Еразмус+ во 2016та година живеев во Лиепаја Латвија како работев со основните училишта за работилници и активности од неформално образование. Низ едукативниот процес во тие 2 месеца работев со над 1000ученика од Лиепаја. Како дел од истата програма во периодот од Ноември 2018 – Март 2019 работев во Софија во ACB, Pan Europe Bulgaria and Digital National Alliance Bulgaria. Тогаш работев на поврзување на основни училишта од сиромашни средини во Бугарија со програма на Гугл за нивна поддршка и развој. Преку истите организации во кои останав член менториран од поранешната министерка за Европски прашања и Дигитален шампион на Бугарија Гергана Паси бев назначен за координатор за фестивал за вселена Helloo Space Bulgaria Calling на кој работам од 2023. Со ова сакам да заокружам процес кој можам да го почнам во моето училиште и да го внесам во две програми со што ќе стане историја во Македонија и мојот наследник ќе има отворен пат за едукативен развој од светски рамки во Кочани и регионот.

