Осветени новите простории на „Бравура кооператива“ во Делчево
На 7 мај 2026 година во Делчево се изврши чинот на осветување на новите службени простории на здружението „Бравура кооператива“.
На покана на директорот Александар Николов, со чинот чиноначалствуваше Епископот делчевско-каменички г. Марко.
На свеченоста присуствуваше градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, како и бројни други гости.
Со новиот простор здружението ќе продолжи со своите активности во служба на заедницата.

