Редовна декемвриска крводарителска акција во Македонска Каменица
Во петок, 05 декември 2025 година, во периодот од 09:30 до 14:00 часот, во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица ќе се одржи редовната крводарителска акција предвидена за месец декември.
Организаторите ги повикуваат сите активни крводарители, како и лица кои наполниле 18 години, да се приклучат и да даруваат крв. Со тоа, велат, секој поединец дава значаен придонес за здравјето и безбедноста на заедницата.
Биди хуман – дарувај крв, спаси нечиј живот!


