Македонска Каменица, 29. Ноември 2025 година – Денеска, ТППЕ Македонска Каменица оствари средба со Питер Грифитс и Бари Малоун од „Операција Флоријан“ во Англија и со Ана Павлова, како претставник на рудникот „Саса“.
На состанокот, како што стои во објавеното соопштение за јавност, беше изразена благодарност за досегашните донации и постојаната поддршка што во изминатиот период нашата противпожарна единица ги добива.

Разговорот, како што се истакнува во објавата, беше насочен кон тековните потреби на единицата, особено во делот на опрема и возила, како и кон продолжување на досегашната соработка.
Од ТППЕ Македонска Каменица информираат дека заедничките активности ќе продолжат со цел подобро функционирање на службата.


