БЕРОВО: ЗАПОЧНУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА РУШЕЊЕ НА СТАРАТА КИНО-САЛА
Надлежните служби ја информираат јавноста дека во наредниот период официјално започнуваат активностите за рушење на постојниот објект – старата кино-сала во Берово. Работите ќе се изведуваат по утврдена динамика, со цел безбедно и навремено завршување на целата постапка.
Општината апелира до граѓаните за разбирање и трпение за време на изведбените активности, бидејќи се можни повремени краткотрајни ограничувања и зголемено движење на механизација во околината на објектот.
Во рамки на подготовките, контејнерите за отпад што претходно беа сместени зад Домот на културата „Димитар Беровски“ се преместени зад маркетот ДИМ. Оваа мерка е преземена за да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сите активности поврзани со рушењето.
Од надлежните институции упатуваат благодарност до граѓаните за нивното разбирање и соработка.

