На денешната конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Македонска Каменица денес беа верификувани мандатите на 11-те советници, а за претседател беше избран Злате Алексовски од независната листа на кандидатот за градоначалник Слободан Велиновски.

Злате Алексовски семеен човек, сопруг и родител. Вработен е како просветен работник во основното училиште во Македонска Каменица. Ова е негов втор советнички мандат, претходно беше член на Советот на Општина Македонска Каменица во периодот од 2013 до 2017 година.
Како што беше истакнато, од новиот состав се очекува посветена и транспарентна работа, насочена кон реализација на проекти што ќе го унапредат животот во Македонска Каменица.

Градоначалничката Соња Стаменкова им честиташе на новоизбраните членови и на новоизбраниот претседател Злате Алексовски, посакувајќи им успешен и одговорен мандат исполнет со конструктивна работа во интерес на граѓаните.

