По повод 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Општинската организација на Црвен крст Делчево, во соработка со Регионалниот центар за ГР – Исток, организираше три едукативни работилници на тема „Превенција од трговија со луѓе“.

Работилниците беа наменети за волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Делчево, учениците од прва година при СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ Делчево и учениците од деветто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица.
Предавањата ги спроведоа инспектор Виолета Илиевска и Ненад Павловски, командир на Полициската станица за граничен надзор Македонска Каменица, заедно со обучени врснички едукатори од Клубот на млади при ООЦК Делчево.
Главната цел на активностите беше подигнување на јавната свест за опасностите од трговијата со луѓе и едукација на младите за нејзино препознавање и превенција.


